Изложба на рачно изработен сребрен накит во „Јавна соба“

Од:

Во Центарот за иновации и дизајн „Јавна соба“ синоќа беше отворена изложба на уникатни парчиња сребрен накит, изработени рачно во филигранска техниката од дизајнерката Јованка Јанкоска – Бобе.

Изложбата е насловена „Класје“ и претставува уште една уметничка приказна на дизајнерката со класични надградени мотиви на сребрениот рачно изработен накит.

– Креациите на „Класје“ филигранот го прават впечатлив и посакуван, нагласувајќи ја константната убавина на сребрената нишка низ времето и просторот, нагласува авторката на изложбата.

Јанкоска вели дека моќта на фантазијата, креативноста и традицијата создаваат уникатни дела посакувани од голем број љубители на накит. Листот на класјето доминира и ги следи модерните трендови во комбинација со различни полудраги обработени камења во црвена, бела и црна боја.

Ова е втора самостојна изложба на Јанкоска, која е поддржана од Министерството за култура. Изложбата е продажна и ќе трае до 22 декември.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски