Во Мала станица вечер од 20 часот ќе биде отворена изложба на победничките фотографии на Pride Photo Award за 2016, која ја организираат амбасадите на Кралството Холандија во Скопје, Тирана и Приштина.
Pride Photo Award е меѓународен годишен фотографски конкурс со фокус на сексуалниот диверзитет и родовиот идентитет. Секоја година фотографи ширум светот ги споделуваат своите најкреативни, најпредизвикувачки и нестереотипни погледи на родот и сексуалноста. Меѓународно експертско жири ги селектира најдобрите дела по што се организира светска изложба. Изложбата веќе беше поставена во Амстердам, Болоња, Џакарта, Ханој и во Сан Франциско.
– Целта на Pride Photo Award е да придонесе кон поправичен и инклузивен свет преку видливост на сексуалниот и родов диверзитет и создавање свесност за „другиот“. Во време кога личните ставови се под силно влијание на визуелната информација, фотографијата нуди моќна и современа алатка за општествени промени. Сликите поседуваат уникатна моќ да едуцираат и информираат бидејќи ги надминуваат јазичните бариери и културните разлики, соопшти Холандската амбасада во Скопје.
Изложбата ќе може да се посети до 17 декември, а вечер ќе ја отвори холандскиот амбасадор во Македонија, Воутер Пломп.