Изложба на плакати од фондовите на Националната библиотека на Бугарија

Од:

Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ денеска во 14 часот во холот ќе отвори изложба на плакати „Книги, правци и публика“ од Националната библиотека „Св. Кирил и Методиј“ во Софија.

Ќе бидат претставени материјали​ ​од фондовите „Ракописи и старопечатени книги“, „Ориентална збирка“ и​ ​„Бугарски историски архив“​ на Националната библиотека на Бугарија.

НУБ ја организира изложбата во рамки на дводневната средба на директори на национални библиотеки од Југоисточна Европа и работилницата „Основната функција на библиоеката: безбедно чување и заштита на кумулираното знаење на нацијата и на ракописното наследство“, резултат на соработката со Националната библиотека на Бугарија.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски