Изложбата „Митски плодови“ од Христо Петрески, утревечер во 19 часот ќе биде отворена во Домот на културата „Иван Мазов – Климе“ во Кавадарци.
Истовремено, ќе биде промовиран и неговиот најнов роман „Славејот што пееше ноќе и сам“, во издание на „Феникс“ од Скопје.
На ликовната изложба ќе бидат претставени 44 ликовни дела на тема митски плодови, а ова е прва голема самостојна ликовна изложба на писателот Христо Петрески, кој инаку досега има излагано и во Битола, Радовиш, Ресен и во Скопје.
Романот „Славејот што пееше ноќе и сам“ е негов четврти роман за возрасни, како дел од четирилогијата романи посветени на Скопје.