Изложба на Петра Јовановска и Јиржи Кованда во Чифте амам

Од:

Во организација на Националната галерија на Македонија, вечер во објектот Чифте амам ќе биде отворена изложба на Петра Јовановска и Јиржи Кованда.

Во фокусот на презентацијата е кругот како основен модус во креирањето на делата од последниот циклус на авторката Петра Јовановска.

– Кругот претставува единство, целината, бесконечност. Нешто без почеток и крај, без страни или агли. Кругот значи заштита, но и ограничена слобода, норми, правила, општествени стеги….Тој е симбол на животниот циклус, на рајот, на универзумот. Симболично, целиот наш живот може да се поврзе со формата на кругот…соопшти НГМ.

Јиржи Кованда (1958) е еден од најпрестижните чешки концептуални уметници, а на изложбата ќе биде претставен дел од неговата документаристичка ретроспектива.

– Кованда се појавува на чешката сцена со своите први акции во средината на 70-тите, а главно станува збор за минималистички перформанси што ги изведува уметникот во јавна средина и со ефемерни дејствија. Настапите во јавен простор се за него траги што се документираат, а нивното презентирање со помош на документаристичките црно-бели  (често аматерски) фотографии со кратки описи на перформансите е информира НГМ.

По неколкугодишна пауза, во последните десетина години Јиржи Кованда е повторно активен и ги следи своите почетни идеи од 70-тите, изведувајќи нови перформанси, нови интервенции, нови дела, а ретко реинтерпретирајќи ги старите.

Изложбата во 19 часот ќе ја отворат амбасадотор на Чешка во Македонија Мирослав Рамеш и Маја Неделкоска-Брзанова, директор на Националната галерија на Македонија.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска