Изложба на Омер Калеши во галеријата на МАНУ

Од:

Во Изложбениот салон на Македонската академија на науките и уметностите вечер од 19 часот ќе биде отворена изложба на дела од сликарот со македонско потекло и светска кариера Омер Калеши, кој пред три години доби Медал за заслуги за Македонија од претседателот Ѓорге Иванов.

Омер Калеши е роден во кичевското село Србица во 1932 година. Матурирал во средното техничко училиште во Скопје, а во 1956 година емигрирал во Турција. Во 1965 завршил студии на Ликовната академија во Истанбул. Се преселил во Париз каде што и денес живее и работи. Имал голем број изложби во Македонија и низ светот.

МАНУ соопшти дека на отворањето на изложбата на Калеши ќе се обратат претседателот на Академијата Таки Фити, академиците Газанфер Бајрам и Луан Старова и архитектот Климе Коробар.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски