Изложба на Моника Мотеска во Мобилна галерија

Од:

Денеска со почеток во 20 часот во Мобилна/Монтажна Галерија ќе биде отворена инсталацијата на Моника Мотеска, „Тивка деструкција“.

Инсталацијата ја сочинуваат цртежи и видео проекција врз мермерна плоча. Цртежите на цвеќе (рајска птица / Strelitzia Reginae) се метафора на животот. Од една страна цвеќето коешто има форма на птица, егзотична, сензуална, мистична, убава, а од друга страна видео проекција на подводен живот. Рај наспроти нешто што се случува под површината на земјата – подземен живот. Свет којшто со еден удар би се срушил и би се претворил во прашина.

Како контрапункт на цвеќето тој е другиот свет што се случува независно од нас. Една убавина наспроти друга. Еден поинаков поглед на убавината и опасноста што не демне секогаш без ние и малку да сме свесни. Иако банални и тривијални, цвеќето, водата и каменот транспонирани во друга димензија добиваат поинакво значење. Цветот како сексуално и телесно задоволство, уживање во земската убавина и минливост на истата. Водата во која се случува живот, но и непогоди, внатре земјата се тресе, се бранува, тој свет за нас сеуште е мистичен и непознат.

Моника Мотеска, родена во Прилеп, 1971 година. Дипломирала на Факултетот за ликовна уметност – сликарски оддел во Скопје, 1996. Се занимава со сликарство, фотографија, видео и инсталација. Работела на дизајнирање на изложби и промотивни материјали од областа на старата фотографија.

Изложбата е финансиски поддржана од Општина Центар

Би можело да ве интересира

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски

Изложба „Простор и тишина“ на Билјана Билбилоска