Авторот Мирослав Стојановиќ – Шуки вечер во клубот Менада ќе се претстави со самостојна изложба и перформанс под наслов „EMPATHY FOR THE DEAD“.
Со изложбата и перформансот, авторот ги претставува своите погледи на светот кој го гледа како мрачен и раздробен, место каде човекот е понижен и каде обезвреднувањето на животот е истовремено гротескно, болно и трагично.
Изложбата е во рамки на проектот на уметниците за одбрана на човековите права и какнење на јавната свест и солидарност, имплементиран од Цивил – Центар за слобода, а финансиски поддржан од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија.
Мирослав Стојановиќ и е познат на македонската јавност по своите оргинални и моќни дела во кои неговото гледање на човекот и светот отвора нови страници на човековото сфаќање за постоењето, за ништожноста и за внатрешната потрага по смислата.