Изложба на Мирјана Крстева Массетти

Од:

Во уметничката галерија Куманово вчера вечер беше отворена самостојната изложба на ликовниот уметник Мирјана Крстева Массетти.

На изложбата се презентирани 39 дела работени во акрил и цртежи во комбинирани техники.

– Делата се работени последниве две години во специфичен циклус и го одликуваат времето во кое живеам, изјави Крстева-Массетти.

Кустосот во уметничката галерија Драгана Спасковска вели дека авторката веќе има изградено богата и зрела ликовна кариера.

– Делата кои што може да ги видиме се движат во правец на апстрактната сфера на релација од имагинативно преку асоцијативно, до полуапстрактно. Нејзиното творештво поседува модерен израз, истакна Спасковска.

Директорот на Музејот Куманово, Анита Цветановска посочи дека изложбата на авторката влегува во годишната програма на националната установа и дека е поддржана од Министерството за култура.

– Авторката веќе и е позната на кумановската публика со нејзиното учество на меѓународната ликовна колонија „Куманово 2014“ на која остави прекрасни дела. И не само вечерва, со неа ќе се дружиме и во ноември кога ќе биде реализира изложбата на дела од колонијата, истакна Цветановска.

Покрај учеството на колонијата во Пелинце, Крстева Массети и претходно самостојно изложуваше во кумановскиот Центар за култура „Трајко Прокопиев“.

Мирјана Крстева Массети учествувала на голем број групни изложби на ликовни колонии во земјава и странство. По нејзиното дипломирање на Академијата за ликовна уметност во Благоевград, Бугарија реализирала 15 самостојни изложби. Член е на ДЛУМ од 2010 година и добитник на награди и признанија, меѓу кои и на посебна награда ОСТЕН, Светска галерија на цртеж, Биенале на наградени автори.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска