Изложба на минијатури од Валентина Илијевска во Кавадарци

Од:

Изложба на 56 минијатури во акрилна техника од Валентина Илијоска од Куманово насловена “Големото сино”, беше отворена синоќа во Музеј галеријата од Кавадарци.

Весна Ѓорѓиева, в.д. директор на Музејот, потсети дека станува збор за традиционални изложби на оваа културна институција по повод 8 Март, Меѓународниот ден на жената, кога се преферира да се изложуваат уметнички дела од ликовни уметници-жени.

– Минијатурата е навидум лесна уметничка изведба, но таа всушност ја претставува една од потешките ликовни творби, нагласи Ѓорѓиева.

Советникот и претседател на Комисијата за култура при Советот на општина Кавадарци, Виолета Димитрова рече дека авторката преку својот уметнички јазик, во нејзините дела, навлегува во метафизичкиот свет каде ја истражува суштината за човековите вредности.

Авторката на изложбата, меѓу другото, се заблагодари на машката страна која во 21 век им дава на припадничките од понежниот пол поддршка за рамноправност.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски