Во галеријата на Кинотеката на Македонија вечер ќе биде отворена изложба на уметникот Менсур Бојда наречена „Трите сликарски лествици“.
Бојда ќе претстави дваесеттина дела, низ кои провејува експресивна природа од три главни тематски содржини.
Посетителите ќе можат да ги видат циклусите „Шајтани“, „Страдалници на универзумот“, но и митските јунаци „Кабуки“ од далечниот исток.
Менсур Бојда е роден во Брод-Гора, 1986 година. Завршил Академија на Ликовни уметности во Белград, прво во класата на Велизар Крстич, а потоа кај Слободан Роксандиц – смер сликарство. Досега имал шест самостојни изложби. Учествувал во повеќе групни изложби, биеналиња на цртежи и ликовни колонии низ Македонија и Србија, но и на „Првиот уметнички и научен фестивал“ во Патрас, Грција. Работел на реставрација и конзервација на мозаик кај академик Газанфер Бајрам, а од 2009 година е асистент во ателјето на Академик Глигор Чемерски.