Изложба на македонската уметница Мациев во Софија

Од:

Во КИЦ на Република Македонија во Софија, вечерва пред бројна публика, претставници на дипломатскиот кор и Министерството за култура на Република Бугарија, беше отворена изложбата на македонскиот ликовен уметник Андријана Мациев.

На изложбата насловена како “Живот во бои”, беа претставени 22 дела, работени во акрил на платно и хартија.

Ова е прва самостојна изложба на Мациев, која веќе се има претставувано пред бугарската публика на групни изложби во Варна и Созопол.

За Андријана Мациев и нејзиниот творечки опус зборуваа Мирјана Крстева Массети, ликовен уметник и директорот на Центарот Васко Шутаров, кој и ја отвори изложбата.

Проектот е финансиски поддржан од Министерството за култура на Р. Македонија и е дел од годишната програма на КИЦ на Р. Македонија во Софија за 2017 година.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Бугарија

Софија е подготвена да потпише договор со Скопје за прекуграничен железнички тунел на Коридорот 8

Бугарската влада на Росен Желјазков го преживеа гласањето за недоверба

ВИДЕО: Повредените во бугарските болници се стабилни, ќе бидат потребни и пластични операции

Катерина Ѓуровски

Во Софија илјадници луѓе оддадоа почит на загинатите во Кочани

Состојбата на 14-те повредени кои се лекуваат во Бугарија и натаму е сериозна