Изложба на Маја Кировска во Јужна Кореја

Од:

Изложба „Универзален ритам“ на Маја Кировска денеска ќе биде отворена во главната галерија на Вумин арт центарот во Ченгџу, Република Кореја, во организација на уметницата Санјонг Ли.

На изложбата, како што инфомира авторката, ќе бидат претставени шеснаесет дела од кои најголемиот дел се објекти, две инсталации во простор, како и две дела кои комбинираат објекти и видео.

„Универзален ритам“ е инспирирана од една античка филозофска мисла за поврзаноста на убавината со бројот и пропорцијата и се обидува да ја отелотвори во современи уметнички дела.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски