Во организација на Друштвото на ликовни уметници на Македонија во Галерија 8-Безистен, во Стара скопска чаршија вечер ќе биде отворена изложбата на ликовната уметница Љупка Галазка-Василев.
На изложбта ќе бидат претставени дела инспирирани од природата и македонските етно елементи, кои авторката успешно ги вклопува во еден современ минималистички простор.
Љупка Галазка-Василев дипломира на Академијата за применета уметност во Софија. Во своето творештво, уметницата користи повеќе техники: колаж, пастел, акрил, таписерии.