Изложба на ликовниот уметник Станко Ѓорѓиев во Софија

Од:

Во Културно-иформативниот центар на Република Македенија во Софија вечер ќе биде отворена самостојна изложба на македонскиот сликар Станко Ѓорѓиев, кој ќе се претстави со 16 дела од најновиот творечки опус.

Ѓорѓиев дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, во класата на проф. Петар Мазев. Член е на ДЛУМ од 1984 година, имал голем број самостојни изложби и учествувал на над 80 групни изложби во Македонија и надвор од државата. Добитник е на значајни ликовни награди во Скопје и во Тузла.

Изложбата во КИЦ на РМ во бугарската престолнина се организира во соработка со Националната галерија на Македонија и со поддршка на македонското Министерство за култура.

Изложбата ќе ја отворат директорот на Центарот Васко Шутаров, директорката на Националата галерија на Македонија Халиде Палоши и кустосот на изложбата Љупчо Маленков.

Би можело да ве интересира

Момче оштети слика на Пикасо вредна 20 милиони фунти

Татјана Ташкова

Шестоодделенка е најмлад уметник за тетоважи во Сингапур

Татјана Ташкова

Иваноска со изведувачкиот перформанс Лесна_Акумулација на капитал, Прља со Субверзија во црвено и Јовановиќ со Протестен споменик

Ана Ололовска

Наградени најдобрите уметнички дела создадени од амбалажен отпад

Ана Ололовска

Откриена спомен – бистата на Мартиноски во Букурешт

Ана Ололовска

Младите заинтересирани за изложбите на МСУ, едукативната програма ќе продолжи во 2020

Ана Ололовска

Leave a Comment

ten − eight =