Во Културно-иформативниот центар на Република Македенија во Софија вечер ќе биде отворена самостојна изложба на македонскиот сликар Станко Ѓорѓиев, кој ќе се претстави со 16 дела од најновиот творечки опус.
Ѓорѓиев дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, во класата на проф. Петар Мазев. Член е на ДЛУМ од 1984 година, имал голем број самостојни изложби и учествувал на над 80 групни изложби во Македонија и надвор од државата. Добитник е на значајни ликовни награди во Скопје и во Тузла.
Изложбата во КИЦ на РМ во бугарската престолнина се организира во соработка со Националната галерија на Македонија и со поддршка на македонското Министерство за култура.
Изложбата ќе ја отворат директорот на Центарот Васко Шутаров, директорката на Националата галерија на Македонија Халиде Палоши и кустосот на изложбата Љупчо Маленков.