Изложба на ликовниот уметник Перо Кованцалиев во Гевгелија

Од:

Во ликовната галерија „Амам“ во Гевгелија, вечер ќе биде отворена изложба насловена „Затегнатост на празнината“ со која ликовниот уметник Перо Кованцалиев ќе се претстави пред своите сограѓани.

Според авторот, со изложеноста на секојдневниот притисок, кој компонира нови набори во друга форма и поинаква боја, се создава нова свесна и несвесна композиција за сопственото постоење и опкружување што тој се труди да го пренесе преку своите дела.

Перо Кованцалиев е роден во Гевгелија во 1982 година. Завршил училиште за применета уметност во Скопје каде што во 2006 година дипломира на Факултетот за ликовни уметности на одделот за вајарство. Член е на Друштвото на ликовни уметници од Гевгелија од 2005 година и член на ДЛУМ од 2012 година. Учесник е на голем број изложби и ликовни колонии во земјава и странство, а во 2009 година ја добива првата награда на конкурсот за идејно решение за спомен одбележјето на „Св.Климент и Наум Охридски“ во општина Центар во Скопје.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска