Изложба на ликовни дела „Зимски салон“

Од:

„Спектрални места“ е темата на годинашното 17-то издание на изложбата на ликовни дела на автори од Македонија и странство „Зимски салон“, која вечер ќе биде отворена во Чифте Амам.

Селектор на годинашната програма е српскиот историчар на уметност Никола Шуица, кој избра повеќе од 70 дела од домашни и странски автори кои ќе бидат изложени. Вана Урошевиќ и Зоран Тодовиќ, Исмет Рамиќевиќ, Тања Балаќ, Ангел Миов, Ирена Паскали, Катерина Таневска, Филип Фидановски и многу други автори од земјава, како и автори од странство меѓу кои Дерек Огбурн од Велика Британија, Андреа Иса од Германија, Иштван Хоркаи од Унгарија, Мерцедес Братош од Хрватска, Марија Ќалиќ од Србија и други.

– Поставувајќи го фокусот на психолошки, веќе доживеани, но и провокативни резултати, оваа селекција ги обединува и им дава важност на различните аспекти и пристапи во дефинирањето на местоположбата, локацијата, реалниот и имагинарниот простор, како константен предизвик на уметничко ниво, не дискутирајќи за вистината на истото, кој секогаш ќе биде предмет на поединечни сензуални изразувања, вели селекторот на програмата Шуица.

Според Христијан Санев, претседател на ДЛУМ на изложбата доловени се временско-просторни јазли, кои наликуваат на сликовити поглавја, давајќи го фокусот на визуелната и уметничката сугестија насочена кон ориентационите, сензуалните и различните искуства на современите креатори

И оваа година еден од авторите ќе ја добие Гран–при наградата, престој во атељето на „Cite des Arts“ во Париз, што ја овозможува Министерството за култура на Република Македонија.

Зимскиот салон е во организација на Друштвото на ликовни уметници на Македонија под покровителство на Министерството за култура и во соработка со Национална Галерија на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски