Изложба на Леополд Форстнер во Битола

Од:

Изложба на дела од австрискиот југендстил-уметник Леополд Форстнер вечерва ќе биде отворена во Битола во рамки на Битолското културно лето, БИТ-фест.

Форстнер како офицер на Австро-унгарската монархија за време на Првата светска војна, (1876-1936) на коњ, пешки или со брод, скоро две години престојувал на Западен Балкан.

За време на тој период ја пропатувал територијата на денешна Албанија, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија со задача да се направи документација за културата на споменатите окупирани области од Австриско-унгарската армија.

Од неговата авантура на Балканот, тој изработил и оставил повеќе од 100 цртежи со молив во голем формат, дел од нив колорирани и околу 50 фотографии.

Форстнер важи за еден од најпознатите претставници на младата генерација на Виенскиот Југендстил. Тој работел како графичар, дизајнер и сликар. Посебно и единствено место имал како уметник со стакло и како уметник-мозаичар, со што се јавува како партнер на големите уметници Густав Климт, Коло Мозер и Јозеф Хофман.

Најпознатите дела во светски рамки, и воедно, референци на Југендстилот, каде како изведувач, во значајна мерка се јавува Форстнер, се ѕидните мозаици во палатата „Штоклет“, во Брисел (Климт и Форстнер), витражите во црквата Штајнхоф во Виена или мозаиците во бањата „Дијана“. Неговата интернационална кариера, во нејзините зачетоци, беше спречена со започнувањето на Првата светска војна.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска