Во кумановскиот Центар за култура „Трајко Прокопиев“ синоќа беше отворена годишната изложба на дела од ликовните уметници од Кавадарци. Љубителите на ликовната уметност имаа можност да разгледаат дваесетина дела работени во различни техники.
– Презентирани се различни дела, работени претежно во техниката масло на платно,но може да се види и работа со материјали, со стакло, графика цртежи, акварел и две скулптури. Ова изложба е доста богата и разновидна, изјави Роберт Цветковски, стручен соработник во кумановскиот Центар за култура.
Друштвото на ликовни уметници Кавадарци опстојува речиси 40 години на македонската ликовна сцена и една од најстарите ликовни асоцијации во Македонија во која членуваат 40-тина акдемски умтници од Кавадраци. Дел од нив со своите дела се познати и надвор од државата, меѓу нив Глигор Стефанов, Елпида Хаџи – Василева кои ја претставуваа Македонија на Венециското Биенале.
– Се надевам дека изложбата ќе наиде на добар прием кај публиката. На оваа изложба учествуваат различни генерации уметници, дел од основачите на друштвото до најмладите уметници .Годинашнава изложба е посветена на еден од основачите и долгогодишен претседател на друштвото Ристо Соколов Сокол, изјави Марјан Тодоровски,секретар на друштвото на ликовни уметници Кавадарци.
Изложбатата се реализира како резултат на соработката на кумановскиот Центар за култура со Домот за култура „Иван Мазов – Климе“ од Кавадарци. Делата од годишната изложба на кавадаречките уметници ќе бидат поставени до 4 февруари, годинава.