Во фоајето на Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани денеска во 19 часот ќе биде отворена изложба на карикатури, насловена како „Серозно најсмешно“.
Автор на изложбата во чии рамки ќе бидат претставени 28 карикатури е Ленче Стоименова -поет, писател, драматург, афористичар, карикатурист. Изложбата на карикатури ќе биде надополнета и со афоризми од авторката Стоименова.
Настанот е дел од годинешното чествување „50 години НУЦК „Бели мугри“ – Кочани“.