Изложба на Јорданчо Кицовски во Гевгелија

Од:

Во новиот галериски простор на Пионерскиот дом во Гевгелија со своја самостојна изложба насловена „Птици за ќерка ми“ се претстави ликовниот уметник Јорданчо Кицовски од Скопје.

Изложбата ја отвори ликовната уметница Мирјана Крстева Массети, која истакна дека се работи за интересен автор кој се претставува пред гевгеличани со дваесет дела работени во акрил на платно, создавани изминативе три години.

– Сликите ги насликав за мојата малечка ќерка на која и посакувам да порасне и да биде среќна и слободна како птица. Заради тоа на нив доминира птицата како симбол на слободата, мирот и спокојот, рече Кицовски.

Авторот завршил Факултет за ликовни уметности во Скопје. Досега учествувал на неколку ликовни колонии во земјава и има реализирано една самостојна изложба во Скопје и повеќе групни изложби во Северна Македонија и во САД.

Би можело да ве интересира

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски

Изложба „Простор и тишина“ на Билјана Билбилоска