Изложба на Иво Пецов во Гевгелија

Од:

Во уметничката галерија „Амам“ во Гевгелија беше отворена самостојна изложба на академскиот сликар Иво Пецов од Кочани која гевгеличани ќе можат да ја посетуваат до 10 јули.

Пред многубројните посетитетли, изложбата на Пецов ја отвори Мирјана Крстева-Масети која во своето обраќање истакна дека авторот во своите дела го раствора имагинативниот свет при што се појавуваат слики од наземни пространства.

– Сцените од тие светови со некарактеристични форми на живот, имаат цел да не втурнат во доживување на една друга димензија. Преку сликите авторот ја потенцира можната разновидност на реалноста и ја посочува загадочноста и неопределеноста на границите на животот, рече Крстева-Масети.

Иво Пецов е роден 1980 година во Кочани. Средно уметничко училиште завршил во Скопје, а дипломирал на Националната уметничка академија во Софија каде и магистрирал на специјалноста графика. Досега организирал 13 самостојни изложби во Македонија, Бугарија и Португалија.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски