Изложба на инсталации „Транспарентност“ во Куманово

Од:

Изложба на инсталации „Транспарентност“ на сликарите Владан Петрушевиќ од Куманово и Надица Толевска од Битола вечерва ќе биде отворена во Уметничката галерија во Куманово.

Љубителите на модерната ликовна уметност ќе имаат можност да ги видат неколкуте дела-инсталации на дипломираните млади ликовни уметници. Авторите ќе ги претстават своите концепти и истражувања во рамките на една современа визуелна култура, во која гледачот ќе биде и физички вклучен.

Настанот е организиран од страна на здружението „Кибер панк“ од Куманово во соработка со НУ Музеј од Куманово.

Националната установа музеј „Куманово“ во насока на афирмирање на млади ликовни уметници и презентирање на нивното творештво е отворен за соработка со сите невладини организации кои ќе ја подржат модерната ликовна уметност, изјави Драгана Спасковска кустос во НУ Музеј.

Изложбата на дела ќе биде поставена до 25 мај.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски