Изложба на инстаграм фотографии во „Концепт 37“

Од:

Во арт-кафето „Концепт 37“ вечер ќе биде отворена изложбата на инстаграм фотографии „Сонувам во боја“ од филмскиот режисер Ѓорче Ставрески.

Колекцијата брои 20 фотографии – пејсажи сликани на мобилен телефон и споделени на социјалните мрежи.

Ставрески е филмски режисер од Скопје, автор на кратки и документарни филмови со кои постигна интернацонаен успех. Го подготвува и првиот долгометражен филм за кој доби награда за сценарио на фестивалот „Браќа Манаки“ во Битола и награда EAVE на пичинг форумот WEMW во Трст, Италија.

sonuvamVoBoja1

Со уметничка фотографија аматерски се занимава 10 години. Ова е негова втора самостојна изложба по првата во Каен, Франција, во рамки на фестивалот Балканс транзит 2009. Ставрески е добитник и на диплома за поединечна фотографија на Денови на македонската фотографија во 2007 година.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Изложба на фотографии „ЕЛЕМА 2023“

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска