Изложба на Илирјан Бекири и Башким Меџити во Софија

Од:

Ликовната изложба „Експресивна лирика и траги“ од Илирјан Бекири и Башким Меџити вечер ќе биде отворена во галерискиот простор на Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија.

Изложбата ќе ја отвори директорот на Центарот Васко Шутаров.

Заедничката изложба на Илиријан Бекири и Башким Меџити во КИЦ на Република Македонија е нивно прво репрезентативно претставување пред публиката во Софија. Проектот е дел од годишната програма на КИЦ на Република Македонија во Софија за 2017 година и е поддржан од Министерството за култура.

Илирјан Бекири дипломирал на Факултетот за ликовна уметност, отсек сликарство на Тетовскиот универзитет во 1998 година, а магистрирал во 2002 година на Универзитетот во Приштина. Од 1998 до 2002 година бил асистент на Факултет за ликовна уметност, а од 2002 до 2005 година и професор на истиот факултет. Бекири има реализирано повеќе самостојни изложби и групни изложби во Македонија и во државите од регионот, а учествувал и на многу ликовни колонии.

Башким Меџити е академски сликар од Гостивар, кој има реализирано бројни самостојни и групни изложби во Македонија и странство. Во декември 2007 година бил учесник на еден ликовен проект на уметници од балканските земји, претставен и во Софија.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски