Изложба на Илина Арсова во галеријата на МКЦ

Од:

Во галеријата на МКЦ вечерва ќе биде отворена изложбата на македонската сликарка и алпинистка Илина Арсова. Станува збор за групна изложба која претставува поддршка на првата жена Македонка која планира да го освои највисокиот врв на светот Монт Еверест.

За таа цел повеќе македонски уметници донираа уметнички дела за поддршка на Илина. На изложбата јавноста ќе може да ги погледне делата на Решат Амети, Ведран Бојановски, Урош Вељкович, Жанета Гелевска Велјановска, Горјан Ѓорѓиев, Душан Јовановски, Билјана Каровска, Симонида Филиповска Китановска, Сарита Коневска, Марина Лешкова, Мирослав Масин, Ивана Младеновска, Евгенија Петровска, Мирјана Петкова, Никола Пијанманов, Весна Радишич, Драгица Ристеска Димитровска, Сергеј Андреевски, Кристина Битракова и Јован Балов Ирина Титиева, Сузана Зафирова – Андроника и К.Р.И.К. центарот за советување и специјална едукација на деца со пречки во развојот и аутизам.

Илина Арсова е ликовен уметник и страстен планинар – алпинист. Има работено на ликовни проекти ширум светот, а редовно изложува на групни и самостојни изложби каде преку својата уметност ја претставува инспирацијата од најнедостапните планински врвови.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска