Изложба на Илија Кавкалески-Кавкале во КИЦ на Македонија во Софија

Од:

Во Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија синоќа беше отворена првата самостојна изложба од акварели на македонскиот уметник Илија Кавкалески-Кавкале.

Во Софија, Кавкалески се претстави со 20 дела, кои предизвикаа внимание кај посетителите на КИЦ на Македонија во Софија. За делото и уметничкиот пат на Илија Кавкалески зборуваа директорите на Македонскиот културен Центар и Националната галерија на Македонија, Васко Шутаров и Маја Неделкоска-Брзанова, како и Љупчо Маленков, виш кустос. Проектот е целосно подржан од македонското Министерство за култура.

Илија Кавкалески е роден е во Прилеп во 1932 година. Завршува Училиште за применета уметност во Скопје во 1953 година и дипломира на Факултетот за применета уметност во Белград во 1957 година. Во својата долга професионална кариера работи и како сликар – конзерватор на икони, а бил доцент на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, во насоките по конзервација и реставрација.

Член е на Друштвото за ликовни уметници на Македонија, а во 2004 година и член на Уметничкиот совет на Друштвото на ликовните уметници. Има реализирани бројни самостојни изложби низ Македонија и Словенија и е добитник на бројни ликовни награди за своето творештво.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска