Изложба на Ибрахим Беди во Гостивар

Од:

Во Центарот за култура АСНОМ во Гостивар вечер ќе биде отворена изложба на уметникот Ибрахим Беди, во рамки на проектот „Кич, да!?/ сте или не/” кој седма година го организираат Дирекцијата за култура и уметност-Скопје и  Министерството за култура.

Оваа изложба на Беди во август беше претставена во Македонскиот културен центар во Њујорк.

Беди Ибрахим (Скопје, 1959) дипломирал на Факултетот за ликовни уметности на одделот за скулптура во класата на проф. Петар Хаџи Бошков. Магистрирал на истиот факултет во 1999 на тема „Култура и природа“ кај проф. Стефан Маневски и Васил Василев. Од 1985 до 1989 година бил член на групата „Зеро“. Од 1986 е член на Друштвото на ликовни уметници на Македонија.

Во 1991 како стипендист престојувал на ФЛУ при Универзитетот „Мимар Синан“ во Истанбул и во ателјето на светски познатиот архитект Џенгис Бекташ. Во 1992 под менторство на проф. Томур Атагок истрaжувал во Кападокија. Од 1990 до 2002 година работел во Театарот на народностите како сценограф, сликар и вајар изведувач, а од 2000 до 2002 бил директор на Турската драма.

Од 2002 година е вработен на Факултетот за ликовни уметности во Скопје на Вајарскиот оддел како доцент по предметите вајање, вајарски техники и цртање, а од 2012 е избран за редовен професор на ФЛУ.

Учествувал на повеќе ликовни изложби во Македонија и во странство. Беше и  претставник на престижното Венециско биенале со групата „Зеро“.

Би можело да ве интересира

Изложба на фотографии „Вечни тела“ на Жарко Стојчевски и Искра Шукарова

Во галерија „КО-РА “- мал салон отворена самостојна изложба на рачно изработен накит од Соња Драгољуб Гиздавиќ

А1он

Самостојната изложба на рачно изработен накит на Соња Драгољуб Гиздавиќ

Предраг Петровиќ

Во Албанија изложба на тетовски средношколци – „Едно парче уметност“ од Тетово во Тирана!

А1он

Изложбата на дигитални колажи „Барокна подморница“ од Влада Урошевиќ и Марко Трпески

“Ескапизам: Меморијата и идентитетот” самостојна изложба на младата уметница Мила Добревска