Изложба на графики на Бајрам Џелили во КИЦ на Македонија во Софија

Од:

Во Културно-информативниот центар на  Македонија во Софија вечер ќе биде се отворена изложба на графики од Бајрам Џелили.

Ликовниот уметник е роден во Гостивар, дипломирал на отсекот графика на Академијата за ликовни уметности во Сараево, а во 2010 година магистрирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, исто така во областа на графиката.

Учествувал на голем број домашни и меѓународни ликовни изложби. Имал самостојни претставувања во Париз и Њујорк и бил на неколку групни изложби на графика во Јапонија, Полска, Босна и Херцеговина.

Изложбата на Џелили во Софија е поддржана од Министерството за култура на Македонија. Ќе ја отвори директорот на КИЦ Васко Шутаров и ќе може да се посети до средината на јули.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска