Во Културно-информативниот центар на Македонија во Софија вечер ќе биде се отворена изложба на графики од Бајрам Џелили.
Ликовниот уметник е роден во Гостивар, дипломирал на отсекот графика на Академијата за ликовни уметности во Сараево, а во 2010 година магистрирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, исто така во областа на графиката.
Учествувал на голем број домашни и меѓународни ликовни изложби. Имал самостојни претставувања во Париз и Њујорк и бил на неколку групни изложби на графика во Јапонија, Полска, Босна и Херцеговина.
Изложбата на Џелили во Софија е поддржана од Министерството за култура на Македонија. Ќе ја отвори директорот на КИЦ Васко Шутаров и ќе може да се посети до средината на јули.