Изложбата „Салвадор Дали – графики и скулптури“ вечер ќе биде отворена во галеријата Остен. На изложбата, Остен ќе презентира дел од својата колекција, која го има потписот на Дали. Македонската јавност ќе има можност да види 14 графики, еден цртеж и две скулптури изработени од сестраниот мајстор – сликар, скулптор, графичар и дизајнер.
Овој настан е во рамки на одбележувањето на Денот на Европа и по повод 25-годишнината од смртта на големиот шпански уметник.
Организатори на изложбата се Остен-уметност на хартија, Делегацијата на Европската унија, општина Центар и Амбасадата на Кралството Шпанија во Скопје.
Изложбата за посетителите ќе биде отворена до 27 мај, секој работен ден од 10 до 17 часот и од 10 до 13 часот во сабота.