Изложба на графики и скулптури од Дали во галеријата Остен

Од:

Изложбата „Салвадор Дали – графики и скулптури“ утревечер ќе биде отворена во галеријата Остен.

На изложбата, Остен ќе презентира дел од својата колекција, која го има потписот на Дали. Македонската јавност ќе има можност да види 14 графики, еден цртеж и две скулптури изработени од сестраниот мајстор – сликар, скулптор, графичар и дизајнер.

Овој настан е во рамки на одбележувањето на Денот на Европа и по повод 25-годишнината од смртта на големиот шпански уметник.

Организатори на изложбата се Остен-уметност на хартија, Делегацијата на Европската унија, општина Центар и Амбасадата на Кралството Шпанија во Скопје.

Изложбата за посетителите ќе биде отворена до 27 мај, секој работен ден од 10 до 17 часот и од 10 до 13 часот во сабота.

Би можело да ве интересира

Изложба на фотографии „Вечни тела“ на Жарко Стојчевски и Искра Шукарова

Во галерија „КО-РА “- мал салон отворена самостојна изложба на рачно изработен накит од Соња Драгољуб Гиздавиќ

А1он

Самостојната изложба на рачно изработен накит на Соња Драгољуб Гиздавиќ

Предраг Петровиќ

Во Албанија изложба на тетовски средношколци – „Едно парче уметност“ од Тетово во Тирана!

А1он

Изложбата на дигитални колажи „Барокна подморница“ од Влада Урошевиќ и Марко Трпески

“Ескапизам: Меморијата и идентитетот” самостојна изложба на младата уметница Мила Добревска