Во галеријата на Центарот за култура ,,Марко Цепенков“ во Прилеп вечер ќе биде отворена изложбата на графики од Марија Конеска насловена „Да се истрае“.
Конеска има дипломирано на Факултетот за ликовни уметности, Скопје (2003-2008), оддел графика во класата на Зоран Јакимовски. До сега има остварено една самостојна изложба и има учествувано на повеќе групни изложби во Македонија и надвор.
Моментално е постдпломец во сликарскиот оддел во класата на Антони Мазневски.