Во Музеј на град Скопје вечер ќе се одржи изложба на графичарот Фамир Крипа од Косово „Во потрага по косовската симфонична метафора“.
Изложбата ќе ја отвори академик Луан Старова, а ја организира Асоцијацијата за култура „ИКОН“.
Изложбата е во рамки на одбележувањето на Меѓународниот ден на музеите, подржана од Град Скопје.