Изложба на Горјан Ѓорѓиев за триесет години ликовно творештво

Од:

Во Културно-информативниот центар вечер ќе биде отворена изложба на дела од Горјан Ѓорѓиев, со која уметникот одбележува 30 години ликовно творештво.

Ѓорѓиев (Скопје, 1965) дипломирал во 1987 на Академија за ликовни умстности во Скопје, отсек сликарство. Од 1988 членува во Друштвото на ликовните уметници на Македонија (ДЛУМ).

Учествувал на многу перформанси, групни изложби и ликовни колонии во Македонија и странство, а имал и 17 самостојни изложби.

Јубилејната изложба на Ѓорѓиев во КИЦ ќе биде отворена до 30 октомври.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски