Во Народниот театар во Гевгелија синоќа беше отворена групна изложба на фотографии со мотови од планината Кожуф.
Изложбата содржи фотографии од авторите Димитар Новаков ,Гоце Тасевски, Димитар Мијов, Ѓорги Вацев, Петар Арџанлиев и Дарио Коциров кои преку своите апарати визуелно ги пренесуваат убавините на планината Кожуф.
Изложбата се отвора една година откако се одржа референдумот против изградбата на рудници на планината Кожуф.
Настанот беше поддржан од општина Гевгелија.