Изложба на фотографии од филмовите на браќата Манаки во Анталија

Од:

Кинотекaта на Македонија ќе се претстваи со изложба на фотографии од филмовите на браќата Манаки на Меѓународниот филмски фестивал „Златен портокал“ во Анталија што ќе се одржува од денеска до 11 октомври.

Фестивалот годинава слави 50. годинешен јубилеј и се смета за најголем, најзначаен и најдолго организиран фестивал во Турција, но и еден од најпрестижните во Европа.

Кинотека на Македонија ќе учествува во специјалната програма во рамки на одбележување на јубилејот, посветена на стари и реставрирани филмови со цел на публиката да се доближат филмовите на филмските пионери.

Покрај изложбата на фотографии од филмовите на браќата Манаки, како специјален настан ќе бидат прикажани и дигитално реставрираните филмови на Манаки со музичка придружба на Благој и Бојан Маротови.

Изложбата на фотографии ќе ја отвори градоначалникот на Анталија и директорката на Кинотека на Македонија Мими Ѓоргоска-Илиевска. Воедно, на Кинотеката ќе и биде доделена Плакета за особени заслуги во зачувување на аудиовизуелното наследство и одбележувањето на 50 годишниот јубилеј на овој реномиран фестивал.

Во рамки на програмата ќе се одржи и панел дискусија „Браќата Манаки – балкански сликари со светлината“ на која ќе учествува и Игор Старделов, виш филмолог во Кинотеката.

Би можело да ве интересира

Поради трагичниот настан во Кочани се одложува Неделата на франкофонскиот филм

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Познатата заводлива русокоса изгледа сосема непрепознатливо

Предраг Петровиќ

Синот на Шварценегер за снимањето на „Белиот лотос“: Семејството се уште не знае за моите голи сцени

Предраг Петровиќ

Том Холанд ќе глуми во адаптацијата на епот „Одисеја“

А1он

Промоција на книгата „Милчо Манчевски“ и проекција на „Прашина“ во Кинотека

Предраг Петровиќ