Изложба на фотографии на Инес Котарац во Мобилна галерија

Од:

Во организација на Центарот за Современи уметности, вечерва од 20 часот во Мобилната монтажна галерија ќе биде отворена изложбата „Капки против заборавање“ на Инес Котарац, фотограф од Берлин која е родена во Босна и Херцеговина

„Со нејзините фотографии Инес Котaрац ја реинтерпретира историјата на Балканскиот регион но уште повеќе ја интерпретира сопствената лична историја. Со нејзиното враќање во Босна и Херцеговина, земјата која ја напуштила на деветгодишна возраст всушност започнува нејзиното патување и пребарување по сопствениот идентитет. Јас сум – Кој сум јас вели Сартр. И навистина не е случајност кога сме просторно далеку од местото каде сме родени да почнеме да чуствуваме како тоа далечно место станува нераскинлив дел од нашиот идентитет. На фотографиите на Котaрац гледаме процес на реоткривање на идентитетот, тоа е процес на константо исчезнување и доаѓање, припадност и отпишаност, наоѓање и губење и приказна која ни е раскажана преку серија на фотографии.

Низ серија на аналогни фотографии патуваме во Босна која ни ги открива своите лица, некои од нив сеуште натежнати од војната која заврши пред дваесет години, некои од фотографиите неможеме дури да ги сместиме во точна временска рамка и доколку не знаеме кога и каде се сликани би помислиле дека се работи за фотографии од деведесетите години. Медиумот на аналогните фотографии придонесува да ја почувствуваме симултаноста помеѓу објектот и неговиот дух. Мнозинството на фотографии кај гледачот провоцираат различни сензации, тага, но многу често и безвременски чуства. Фрагилноста на фокусот додава дименија на временска воздржаност која предизвикува силна експресија. Кога се гледаат тие фотографии се добива чуство на тишина која е тешко да се искрши додека трае естетскиот момент.

Тишина, Тишината се чуствува во многу моменти особено во моментите непосредно пред фотографирањето, а како ја следиме комуникацијата на фотографираните објекти се поизразено ја чуствуваме и почитта на авторката кон секој фотографиран објект без разлика дали се работи за природа, пејзаж, фрагменти од секојдневието, луѓе или животни. Емпатијата и благото чувство на болка ни носи блага еманација. Во нејзините интервјуа како фотограф и автор Котaрац ни интерпретира дел од стварноста во која ја согледуваме одговораноста кој прикажаното. На прикажаните фотографии авторката многу успешно успева да ја избегне простата експлоатација на мотивите и без преправање му овозможува на посетителот (гледачот) да го почуствува моментот.

Секоја фотографија оживува одредено искуство, секоја фотографија е полна со љубов кон мотивот и деталите, во фотографиите нема ниту траги од иронизирање и тривијалност. На исклучително убедлив начин преку своите фотографии Инес Которац превзема морална одговорност да придонесе кон градењето на подобар свет и токму тоа е тоа што ги чини овие нејзини фотографии толку важни.

Проектот е насловен „Капки против заборавање„ споеред серија на фотографии снимени во излог на една аптека во Сараево на која се прикажани капки против заборавање наменети за стари лица. Но што всушност авторката сака ние да запаметима, а што да заборавиме? Минатото и сегашноста коегзистираат и создаваат една целина во која ние се турдиме да заборавиме едни а да запомниме други целини. Преку собирањето разлижни сцени во мотивите на фотографиите авторката всушност низ фотографии ја пишува сопствената автробиографија како крајно интимен процес. Дури и кога ги снима универзалните и општопознати места ние можеме да го почувствуваме нејзинот дух и духот на нејзините предци, секогаш има некоја чудна поврзаност која ги интерпретира судбините – нејзината, онаа на снимениот објект но и онаа на реципиентот на самото дело. Нејзините фотографии јасно кажуваат што нетреба и несмее да се повтори, авторката се бави со нејзинот дом и сопствениот внатрешен свет кој сака да го зачува и заштити преку серија на фотографии затоа што тоа е важно да се сочува и да не се заборави а преку тоа да се влијае на подоброто утре за сите нас.“, пишува Тања Шпољар за делото на Котарац.

Инес Котарац е фотогаф и новинар кој живее во Берлин, родена е во Босна и Херцеговина, а детството и младоста ги поминала во Хрватска.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска