Изложба на фотографии на членови од Третиот партизански одред во Музејот на тетовскиот крај

Од:

Со изложба на уметнички слики- портрети и фотографии на дел од членовите од Третиот тетовски партизански одред и борци од НОБ во Галеријата на Музејот на тетовскиот крај денеска беа одбележани значајни настани од историското минато – формирањето на третиот партизански одред и трагичниот настан во село Беличица. Активноста е заедничка на Музејот и Сојузот на борци од Тетово.

– Со оваа изложба на портрети сакаме да ги одбележиме споменот и жртвата на овие, но и другите што го дадоа својот живот за Македонија. Ние како национална установа ќа ја поддржиме оваа активност и сите други што имаат за цел информирање за нашето минато и историја, рече директорот на Музејот Миќо Стојчески.

На 8 август 1944 година во кумановското село Рамно е формиран Третиот тетовски партизански одред во чиј состав биле борци кои потекнувале од Тетово и тетовско. На 19. септември партизаните кои требало да го продолжат патот до својата база на слободната територија биле опколени во селото Беличица од помногубројните и подобро вооружените фашистичко балистички единици. Повеќе од шест часовна жестока борба 19 борци загинале, меѓу нив и народните херои од Тетово Тодор Ципоски Мерџан и Ѓоце Стојчески Амбарче, како и 17 селани, жени, старци и деца, а селото било опожарено. Во борбата биле заробени тројца партизани кои по два дена биле донесени во дворот од црквата свети Никола од Тетово каде двајца биле стрелани, а третиот бил ослободен од страна на Џемо Хаса.

Меѓу присутните на денешната изложба беа и претставници од семејствата на борците, ученици од основните училишта, негувачи и продолжувачи на традициите на НОБ, граѓани како и други претставници од јавно општествениот живот во градот.

Би можело да ве интересира

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски

Изложба „Простор и тишина“ на Билјана Билбилоска