Изложба на фотографии „Момент на впечатоци“ на Каролина Мицевска во Илинден

Од:

Изложба на фотографии „Момент на впечатоци“ на новинарката Каролина Мицевска денеска е отворена во Домот на култура „Илинден“. Изложбата ќе трае до 12 април.

На отворањето, како што се наведува во соопштението на општина Илинден, присуствале голем број љубители на уметоста, меѓу кои и градоначалникот на општина Илинден Жика Стојановски.

Академскиот сликар Новица Трајковски, на отворањето истакна дека изложбата е составена од 24 фотографии и е резултат на убавите моменти на авторката во Македонија и во Русија, која преку фотографиите сака да ни соопшти дека пронашла одредени поклопувања меѓу двете земји, слични по култура, традиција, стари градби.

Каролина Мицевска е од Прилеп и е дипломиран новинар на факултетот по Интердисциплинарни студии по новинарство во Скопје. Покрај пишувањето, секојдневна пасија и е фотографирањето. Досега самостојни изложби имала во Прилеп, Радовиш, Гевгелија, Неготино, Крушево, Велес.

Би можело да ве интересира

Изложба на фотографии „Вечни тела“ на Жарко Стојчевски и Искра Шукарова

Во галерија „КО-РА “- мал салон отворена самостојна изложба на рачно изработен накит од Соња Драгољуб Гиздавиќ

А1он

Самостојната изложба на рачно изработен накит на Соња Драгољуб Гиздавиќ

Предраг Петровиќ

Во Албанија изложба на тетовски средношколци – „Едно парче уметност“ од Тетово во Тирана!

А1он

Изложбата на дигитални колажи „Барокна подморница“ од Влада Урошевиќ и Марко Трпески

“Ескапизам: Меморијата и идентитетот” самостојна изложба на младата уметница Мила Добревска