Изложба на фотографии „Corpus Queer: тела на отпор 1980-2018“

Од:

Музејот на современата уметност (МСУ) од денеска до 10 јуни ќе биде домаќин на дел од програмата на Викендот на гордоста Скопје 2018, што го организираат Коалиција Маргини и ЛГБТИ Центарот за поддршка. Програмата ќе почне вечер од 21 часот во МСУ со изложба на фотографии „Corpus Queer: тела на отпор 1980-2018“ на Дел Лагрејс Волкено.

– Тој е визуелен уметник кој преку фотографијата настојува да ги наруши и проблематизира општествено-културните бинарности користејќи ги висцералното задоволство и политичката провокација како примарни стратегии на отпор. Волкено е роден/а како интерсексуална личност, но со женскиот пол назначен од раѓање, во кој е и одгледан/а, по што првите 37 години од својот живот ги поминува како жена. Живее како не-бинарна и отворено интерсексуална личност од 1995 година, соопшти МСУ.

По завршување на студиите на Институтот за уметност во Сан Франциско Волкено добива магистерска титула по Фотографски студии на Универзитетот во Дерби, Велика Британија во 1992 година. Има создадено пет фотографски монографии.

Во рамки на програмата в сабота во 13 часот во МСУ ќе биде прикажан филмот „Жената лубеница“ на Шерил Дунје, како програмска соработка помеѓу МСУ филм и видео програмата на Викендот на гордоста.

Би можело да ве интересира

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски

Изложба „Простор и тишина“ на Билјана Билбилоска