Изложба на Филип Лафазановски во Сегед, Унгарија

Од:

Во саботата на 31 мај беше отворена самостојната изложба на фотографии на 19 годишниот студент Филип Лафазановски во Гранд Кафе Сегед во Сегед, Унгарија, како дел од музичкиот фестивал Грибедли Фест. На изложбата беа претставени 15 фотографии снимени во периодот од 2015 до 2019 година.

Изложбата ја отвори и организира Акош Важоњи, стипендист од Унгарија кој е на двегодишен престој во Македонија.

Филип е член на фото сојузот на Македонија, а до сега има учествувано на повеќе од 20 групни изложби во Македонија, Србија, Унгарија и Бангладеш каде има освоено и неколку награди. Негови фотографии се објавени во книгата WeStreet Book 2016 и во Urban Eye Magazine.

Беше дел од изложбите „Нове тенденције у македонској фотографии“ во Чачак, Србија 2017 и „Актуелен момент во македонската современа фотографија“ во Скопје, 2018 во организација на фото сојузот на Македонија.

Изложбата ќе биде поставена во просториите на Гранд Кафе Сегед до крајот на летната сезона, а беше опишана како „Слика за монотоната урбана алчност и игривата виртуозност“

Ова е инаку втора самостојна изложба на Филип Лафазановски, двете се во Унгарија, првата беше во градот Печуј во 2017 година во галеријата на Civil Közösségek Háza.

Би можело да ве интересира

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски

Изложба „Простор и тишина“ на Билјана Билбилоска