Изложба на филигрански накит / Марија Милошевска – „Мамка“

Од:

На 6-ти октомври во 19 часот во НУ Музеј на Република Северна Македонија во Скопје ќе се одржи изложба на концептуален филигрански накит со наслов „Мамка“ на уметницата и етнолог Марија Милошевска.

Марија Милошевска веќе дваесетина години го промовира филигранскиот занает преку современиот концепт низ различни медиуми како накит, инсталации, објекти, перформанси и видео арт.

Инспирирана од најстарото пишано сведоштво за потеклото на вештачката рибарска мушичка, во светот позната под името Macedonian fly, во 2017 го создава брендот „МАкедонска МушичкА – МАМКА“ кој го прикажува филигранскиот концепт како пристап, практика за накит и критички дискурс во креирањето на културата.

Оваа колекција го истражува изработувањето на накитот како начин на размислување и толкување преку иновативен и применлив пристап во различни дисциплини.

“МАМКА“е директно поврзана со моментот на опстанок, кој преку филигранското дело и техниката за изработка на вештачки мушички за рибарење се оживува во сегашното време како момент на постоење, преку практичен и уметничко – научен пристап.

Културата, како начин на живот, претставува обид кој го вклучува значењето на егзистенцијата, светот на објектите и секојдневните пракси кои го произведуваат материјалниот живот, на тој начин што ни нуди модели за комплексна евалуација.

Куратор на изложбата е Лени Дончева, историчар на уметност која работи како куратор во Градскиот музеј во Бад Херсфелд, Германија.

Емилија Лазаревска магистер во областа на реставрација и конзервација на темперна техника, преку нејзиниот уметнички сенс несебично придонесе за креирање на визуелниот идентитет на оваа приказна.

Видео инсталацијата е на Сергеј Сарчевски, дипломиран директор на фотографија при универзитетот Westminster во Лондон, В.Британија. Фотографиите се на Александар Ивановски, асистент Оливер Настески.

Би можело да ве интересира

Изложба на фотографии „Вечни тела“ на Жарко Стојчевски и Искра Шукарова

Во галерија „КО-РА “- мал салон отворена самостојна изложба на рачно изработен накит од Соња Драгољуб Гиздавиќ

А1он

Самостојната изложба на рачно изработен накит на Соња Драгољуб Гиздавиќ

Предраг Петровиќ

Во Албанија изложба на тетовски средношколци – „Едно парче уметност“ од Тетово во Тирана!

А1он

Изложбата на дигитални колажи „Барокна подморница“ од Влада Урошевиќ и Марко Трпески

“Ескапизам: Меморијата и идентитетот” самостојна изложба на младата уметница Мила Добревска