Изложба на Елизабета Линднер Костадиновска – наградена на Паратисима Скопје 2016

Од:

Во „Концепт 37“ вечер ќе биде отворена прва самостојна изложба на Елизабета Линднер Костадиновска, по повод нејзината награда на третото издание на саемот за современа уметност Паратисима Скопје 2016. Наградата и беше доделена за колажот со текст „State of Art” (2015).

– На изложбата ќе бидат претставени колажи со текст, цртежи, цртежи со текст, текст со цртежи – тоа се „техниките“ на делата од кои поризлегуваат и експериментални текстови/песни. Покрај актуелните дела, изложбата ќе прикаже и „ликовни документи“ од далечното минато на авторката, соопшти Паратисима за изложбата која ќе биде отворена седум дена.

Елизабета Линднер Костадиновска (Скопје, 1971) дипломирала германистика на универзитетот во Скопје (2001), во Германија студирала современа германска литература и славистика на универзитетот во Регенсбург, каде во 2005 и магистрирала. Се преселила во Берлин во 2006 година и оттогаш живее и работи самостојно како литературен преведувач, книжевен уредник, поетеса, авторка, уметница. Таа интензивно соработува на проекти во Скопје, особено со издавачката куќа „Блесок“.

Добила повеќе награди и бројни стипендии за литературен превод, превела 22 книги на македонски, пишува и преведува поезија на германски, уредник е на порталот СловоКулт. Објавила текстови на македонски и германски во списанија, а нејзините уметнички дела учествувале на повеќе групни изложби во Берлин, Скопје и на Бош фестивалот во Гевгелија. Делата содржат експериментални песни/текстови и нивни преводи.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски