Изложба на дизајн на текстил „Чеиз“ на Јана Манева-Чупоска

Од:

Во галеријата „Остен“ вечер од 19.30 часот ќе биде отворена самостојна изложба – дизајн на текстил со наслов „Чеиз“ на Јана Манева-Чупоска.

Се работи за ликовно-дизајнерски обид за креирање современ дизајн на текстил инспириран од орнементи и везови од женската народна носија од Скопско. Со современ пристап на редизајн, изложбата претставува современ концепт и визуелен израз на дизајн на текстил кој е наменет за текстилната индустрија.

– Редизајнот се заснова на транспозиција помеѓу современ визуелен концепт и фолклор. Ваквите изложби се реткост на македонската ликовна и дизајнерска сцена и затоа претставуваат реаритет во овој контекст, наведува авторката.

Изложбата ќе ја отвори Александар Ношпал, моден дизајнер и костимограф.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски