Изложба на дела од Влахо Буковац, основоположник на хрватската модерна уметност

Од:

Во рамки на одбележувањето на Светскиот ден на музеите, Националната галерија на Македонија вечер од 20 часот во Мала станица ќе ја отвори изложбата „Влахо Буковац – ремек-дела од ризницата на Националната галерија на Македонија“.

Покрај Буковац, на изложбата ќе бидат претставени и дела од опусот на други хрватски автори кои твореле во истиот период и кои се дел од колекцијата на НГМ.

Македонската јавност, како што соопшти НГМ, ќе има можност да види дела со голема историска и уметничка вредност, а кои досега не биле презентирани и се недоволно познати.

Влахо Буковац (1855-1922) е основоположник и еден од главните претставници на хрватската модерна уметност и е најистакнатиот хрватски сликар од преминот на 19-тиот во 20 век.

– Иако учел кај големи имиња на академизмот, во подоцнежниот период од неговата кариера врз него влијаеле и новите генерации модерни уметници, па во неговите доцни дела може да се забележи експресионистички допир на четката, како и користење техника блиска до поентилизмот, наведува НГМ за првото претставување на Буковац пред македонската публика.

Поставката „Влахо Буковац – ремек-дела од ризницата на Националната галерија на Маедонија“ ќе биде затворена со предавање на кустосот на изложбата, д-р Кирил Пенушлиски, за што НГМ дополнително ќе информира.

Би можело да ве интересира

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски

Изложба „Простор и тишина“ на Билјана Билбилоска