Во рамки на манифестацијата „Велес-Град на културата 2015“ синоќа во Ликовниот салон во Велес беше отворена изложба на дела од сликарот Вељо Ташовски.
Изложбата претставува пресек на целокупното творештво на авторот од периоди во неговото создавање, односно 30-ина слики во комбинирана техника.
Според Мирјана Талеска, кустос од Националната галерија на Македонија, Ташовски својот карактеристичен ликовен израз го изградил постапно, низ постепено надополнување на сопствената и традиционална културна матрица, испреплетувајќи ги личните, локалните, но и општочовечките димензии на толкување на животните вистини…
Изложбата ја организираше Народниот музеј од Велес во соработка со Националната гачерија на Македонија и Дирекцијата за култура и уметност, а е дел од проектот „Кич, да!? сте или не?“ поддржан од Министерството за култура.