Изложба на дела од софиската Градска уметничка галерија

Од:

Во Чифте амам вечер од 19 часот ќе биде отворена изложбата „Попладнето на една идеологија“ на Градската уметничка галерија од Софија, која е резултат на меѓународната соработка на Националната галерија на Македонија.

– Изложбата ги претставува уметничките дела во сопственост на галеријата со „неуметнички очи“, барајќи во нив сведочења за едно време и начинот како ги доживувале уметниците. Сметајќи на тоа дека тие на сопствен јазик ги пишувале страниците од микроисторијата на комунизмот, дека творецот секогаш учествува во „двојна игра“ додека ја прикажува реалноста, и таа дејствува на него, присуствува во неговите дела по негова волја, но и независно од неа. Во таа смисла, естетските квалитети не се водечки при изборот на сликите и скулптурите, но далеку од тоа дека ги нема, соопшти НГМ.

Меѓу авторите се некои од најзначајните бугарски уметници како: Љубомир Далчев, Иван Кирков, Васка Емануилова, Павел Којчев, Галин Малакчиев, Атанас Јаранов, Димитар Казаков, Милко Божков, Љубен Зидаров, Андреј Даниел, Недко Солаков, Вихрони Попнеделев, Станислав Памукчиев, Текла Алексиева, Ванко Урумов…

Изложбата е дел од долгорочниот проект „Другото око“, чија цел е да го претстави и социјализира богатството и разновидноста на делата од фондот на софиската Градска уметничка галерија преку очите на „непрофесионалците“- интелектуалци.

Каталогот кон изложбата е на бугарски и на англиски јазик и вклучува авторски текстови на двајцата куратори, Георги Лозанов и Георги Господинов. Изложбата за посетителите во галеријата Чифте амам ќе биде отворена до 3 јули.

Би можело да ве интересира

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски

Изложба „Простор и тишина“ на Билјана Билбилоска