Изложба на дела од работилници за квилинг-техника

Од:

Во Центарот за култура во Крива Паланка изложени се дела од учесниците на работилници за квилинг-техника. Претставени се педесетина дела од 15 деца од основните училишта „Јоаким Крчовски“ и „Илинден“ кои во изминатиот месец работеа и ја учеа техниката квилинг позната како филигран на хартија.

Од кривопалаенчкиот Центар за култура информираат дека активностите се дел од годишната програма, а се реализираат во соработка со уметницата Фросина Стојчевска, која во библиотеката на Центарот ги подучуваше учесниците за квилинг-техника.

– Голем успех е да го работиш она што го сакаш и целосно се пронаоѓаш себеси. Тогаш ќе се надополнуваш секогаш и со секоја следна изработка ќе бидеш чекор поблиску до усовршување. Уште поголем успех е несебично да го поделиш знаењето. Ако дозволите да ве води креативноста, резултатите на крајот ке бидат ненадминливи, посочи Стојчевска.

Изложбата е отворена за посетители, а утревечер во Центарот за култура во Крива Паланка ќе биде отворена и завршна изложба на членовите на ликовното студио кое работи во негов состав.

Би можело да ве интересира

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски

Изложба „Простор и тишина“ на Билјана Билбилоска